Горостасот од Ангарск, автомеханичарот Вјачеслав Зезуља, сосем случајно се најде на натпреварот во шамарање и сосем случајно го нокаутираше шампионот Пељменот со еден удар и собра 200000 рубли (речиси три илјади евра) за оваа победа!
Сепак, некои велат дека ударот не бил баш според правилата (!) на натпреварувањето и повеќе личел на аперкат, а Пељменот веднаш го однеле во болница.
Самиот поранешен шампион вели дека тој обично по турнирот му горат образите, но сега го боли има вилицата и додава дека ја изгубил битката затоа што во суштина е добар и многу им попушта на своите ривали.
„Не смеев да се одолговлекувам, морав веднаш да го растурам. А го удрив онака, со 25% сила. Тој ми одговори како што одговори и тоа е тоа“.
Фармерот Васја ветува дека ќе му се одмазди на Зезуља.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче