Крајот на една легенда: Сибирскиот фармер Васја Пељменот нокаутиран со еден шамар (ВИДЕО)

simakovsergey_
Легендарниот удирач на шамари Василиј Камоцки не е во состојба да нокаутира човек потежок од 100 кг! А самиот лета ко пердув.

Дали кариерата на Васја е во криза, се прашуваат поклониците на овој... хммм... спорт? Сибирскиот горостас во последно време не може да нокаутира ни младич од 70 кг. 

На 7 декември на турнирот во шамарање во Москва Пељменот доживеа вистинско фијаско. Негов ривал беше некој непознат тип со избричена глава тежок преку 100 кг.

Васја удри прв и јако. Но, противникот не се помести. Момчето со избричена глава за својот удар заработи 200000 рубли (2800 евра) колку што му беше ветено на оној што ќе го патосира Васја.

По поразот Васја Пељменот им се обрати на своите навивачи:

„Денес спиев малку. Што значи спиев... малку дремав. Мораше и тоа да се случи еднаш. И велев дека ќе се случи. Ништо страшно. Сега ќе ми пишуваат другарите-хејтери. Нека пишуваат. Но, сè е во работата. Добро сум, сè е во ред, ништо не се случи“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња