Како Кинезите се грижеа и го хранеа разбојничкиот „претседателски“ тигар од Русија

Раководителот на амурската филијала на Светската фондација за природа Петар Осипов изнесе интересни детали за тоа со каков пиетет Кинезите во пограничното подрачје се однесувале спрема „претседателскиот тигар“ Устин.

Според неговите зборови, како дел од програмата за соработка во областа на зачувувањето на животната средина во североисточна Азија (НЕАСПЕК), се почнало со подготовка на документација за формирање меѓународен резерват на Мал Ханган. Тој простор е сметан за можен коридор за соединување на кинеската и руската популација тигри. На тоа подрачје често се регистрирани доаѓања на руските тигри на кинеска почва, рече Осипов.

Најпознат е „претседателскиот“ тигар кој ја крстосуваше Кина и им создаваше главоболки на земјоделците, растргнувајќи ги нивните кучиња и домашни миленици. Меѓутоа, за прв пат се случува интересна реакција од кинеска страна која не само што не се обидувала да го истера тигарот дома, туку се обидела да го храни, резонирајќи дека не тоа не е кој било тигар, туку тигар кој на слобода е пуштен претседателот на Русија. Таквото внимание на највисоките функционери многу позитивен влијае на судбината на нашите штитеници, рече Осипов.

Во тајгата на Далечниот исток на Русија во 2013 година беа фатени пет изнемоштени тигарчиња. Тие ги добија имињата Устин, Кузја, Борја, Светла и Илона, а подоцна беа пуштени на слобода, во што учествуваше и претседател на Русија Владимир Путин. На животните им беа ставени ремчиња кои се користат при сателитско следење на животните.

Така се дозна дека тигрите Кузја и Устин ја напуштиле Русија и отишле во Кина, но набргу се вратиле. Устин во отсуство ја препливал реката Амур, бил на Големиот усуриски остров, во Хабаровск и Кина, каде што им правеше штета на фармерите, напаѓајќи кози и кучиња. На крајот беше фатен во близина на Хабаровск. Сега живее во зоолошката градина во Ростов на Дон.

Амурскиот тигар е еден од најретките грабливци на планетата Земја, се наоѓа во Црвената книга на меѓународно ниво. Според релевантните податоци, оваа есен имало меѓу 580 и 600 тигри во Русија. Следниот список на овие животни е планиран за зимата 2021/2022 година.

Погледнете повеќе: Необична средба: Амурски тигар следи возило на пат во Хабаровскиот крај

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња