Сепак, не се нелуѓе и не е тенк: Се дозна кој ја обележа белата мечка со шифра Т-34

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На социјалните медиуми во Русија неодамна се појави снимка од поларна мечка на која со црн спреј е испишано „Т-34“. Стручњаците за заштита на животните предупредија дека постои опасност ова животно да не може да се стопи со околината и да лови за да се прехрани.

Меѓутоа, ознаката во никој случај не е поврзана со легендарниот советски тенк, туку укажува на местото каде што животното било привремено заспано, објасни Илја Мордвинцев, виш научен соработник на Институтот за проблеми на екологијата на еволуцијата при РАН.

„Мечката ја фатија на Нова Земја во ноември. Животните ги обележуваат за да се знае кој се приближувал до депонијата недалеку од населеното место и да не го успиваат повторно истото животно, односно да не се предизвика преголем стрес“, рече научникот. Тој исто така нагласи дека бојата со која е ишарено крзното на мечката лесно се брише и мечката всушност веќе не го носи тој белег.