Медиумите со „пророштвото“ на баба Ванѓа за Русија: „Некое чудо ќе се случи, економско или духовно“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Наредната година за Русија нема да биде лесна, но ќе биде чудесна. „Нешто ќе се случи во Русија“, ги преведуваат познавачите пророштвата на баба Ванѓа. „Тоа ќе биде или ново економско чудо или нешто духовно“.

Ова за телевизијата НТВ го изјавија снаата на баба Ванѓа Здравка Јанева и преведувачот Стојан Петров. Според нив, во првата половина на следната година баба Ванѓа предвидела глобална финансиска криза која нема да одмине никого. Меѓутоа, Русија ќе опстане и ќе стане база за развој на целиот свет“.

Вознемирувачки се и пророштвата во поглед на глобалната клима. Имено, според предвидувањата на баба Ванѓа, „во светот сонцето ќе сјае, но нема да биде топло“, со што очигледно се алудира на глобалното затоплување.

Пророчицата, исто така, предупреди дека Европа ја очекуваат конфликти на верска и етничка основа кои ќе траат неколку години.