Руската лизгачка Ана Шчербакова доби рекордна оцена за комбинација на скокови

Global Look Press
Ана Шчербакова во финалето на Гран-прито го собори сопствениот рекорд во највисока оценка за еден елемент.

Финалето на Гран-прито во уметничко лизгање во Торино ги запиша во историјата имињата на сите три руски суперлизгачки.

Аљона Косторнаја ја однесе победата и постави светски рекорд во збир на бодови од двете програми: 247,59 бодови.

Аљона Косторнаjа

Александра Трусова, која заврши на третото место, исто така стана и првата жена која успешно изведе четирикратен флип во официјален натпревар.

Александра Трусова

Победничката во слободната програма Ана Шчербакова, исто така, оствари уникатен резултат. Нејзината комбинација на четирикратен луц и трикратен тулуп стана највредниот елемент во историјата на женското уметничко лизгање. Оваа комбинација ѝ донесе 19,15 бодови.

Ана Шчербакова

Интересно е што претходниот рекорд исто така го држеше Шчербакова. Судиите на турнирот „Скејт Америка“ за истата комбинација на скокови ѝ дадоа 18,66 бодови.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња