Вучиќ: „Путин ме советуваше кое оружје да го купиме и јас го послушав“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Белград го купил она руско оружје кое Путин му го покажал на парадата на 9 мај на Црвениот плоштад.

„Што се однесува до армијата, имаме одлична воено-техничка соработка. Му благодарам на министерот за одбрана Шојгу за поддршката на нашата армија. Разговаравме за тоа, купивме многу важни и потребни работи. На Парадата на Победата претседателот Путин ме посоветува што да купиме и јас го послушав. Сега тоа оружје треба да дојде во Србија“, рече Вучиќ на прес-конференцијата во Сочи.

Србија стана голем купувач на руско оружје и воена техника. Таа набави седум хеликоптери Ми-17 и Ми-35, доби на подарок шест ловци МиГ-29 и десет оклопни возила БРДМ-2МС. Белград нарача ПВО-систем „Панцир-С“, пишуваат РИА „Новости“. 

Вучиќ во октомври изјави дека Србија сака да го поседува и С-400, но во моментов не е во можност да го купи.