Вучиќ ја прифати поканата за прослава на Денот на Победата во Русија во 2020 година

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Претседателот на Србија Александар Вучиќ ја прифати поканата за прослава на 75-годишнината од завршувањето на Втората светска војна во Русија, соопшти претседателот на Русија Владимир Путин.

„Следната година ќе биде одбележан значаен датум: 75 години од победата во Големата патриотска војна. Господинот Вучиќ ја прифати поканата за свечените манифестации што ќе се одржат на 9 мај во Москва“, рече Путин по разговорите.

„Ќе ни биде исто така драго да видиме и српски војници меѓу учесниците во парадата на Црвениот плоштад“, додаде рускиот претседател.

„Со големо задоволство ја прифатив поканата за прославата на Денот на Победата во Москва. Тоа е голема чест, особено за народите кои ѝ припаѓаа на антифашистичката коалиција и кои денес не сакаат да го прифатат прекројувањето на историјата“, изјави претседателот Вучиќ на прес-конференцијата посветена на резултатите од руско-српските разговори.