Русите пијат значително помалку, тврди францускиот весник „Ле Монд“. Светската здравствена организација смета дека рестриктивните мерки, кои во Русија беа плански воведени уште од раните 2000-ти, овозможија не само да се намали количината на консумиран алкохол по глава на жител, туку и да ја направи Русија земја за пример на другите држави.
Во текот на 13 години, до 2016 година, потрошувачката на алкохол, вклучувајќи ги и жестоките пијалаци, е намалена за 43%. И додека во 2017 година просечен Русин постар од 15 години трошеше околу 11,1 литри алкохол годишно (во чиста форма), просечниот Французин консумираше 11,7 литри. Напредокот е уште поизразен ако се знае дека во 1990-тите, по распадот на СССР, секој втор маж во Русија беше алкохоличар, признава „Ле Монд“.
И покрај мислењето дека ништо не може да се постигне со рестрикции, во Русија овој метод вроди со плод. Се работи за ценовна политика, за забрана за рекламирање алкохол и негова продажба ноќе, како и за забрана за продажба на малолетници.
Осен тоа, потрошувачката на алкохол е сѐ помалку „во тренд“, затоа што е познато дека претседателот на Русија Владимир Путин, за разлика од неговиот претходник Борис Елцин, со својот начин на живот не промовира алкохол. Како што порано рече Путин духовито, најважно е „спортот да не се замени за спирт [рус. алкохол] - само една буква, а разликата е огромна “.
„Ле Монд“ признава дека руското општество во тој поглед сѐ повеќе се поларизира: од една страна стигна генерација на луѓе кои во целост избегнуваат алкохолни пијалаци, што порано речиси и не се случуваше, а од друга страна, тука се оние кои и понатаму страдаат од тешки облици на зависност.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче