Путин во лимузина Aurus помина по новиот автопат меѓу Москва и Санкт Петербург

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Патувањето меѓу двете руски престолнини со патарина М-11 ќе трае само 5,5 часа.

Претседателот на Русија Владимир Путин учествуваше во церемонијата на отворање на автопатот М-11 помеѓу Москва и Санкт Петербург.

Шефот на руската држава помина по новиот пат во автомобил Aurus. Според претседателот на Русија, патот М-11 ќе придонесе за економски развој на руските региони и зачувување на животната средина.

Путин истакна дека никогаш досега во историјата на Русија не постоел пат од ваков квалитет.

Според резултатите од гласањето на жителите, оваа траса ќе го добие називот „Нева”, нагласи рускиот претседател.

М-11 се протега од Московскиот кружен автопат до Петербуршкиот кружен автопат. По почетокот на експлоатацијата, автопатот М-10 ќе стане бесплатна алтернатива на новата магистрала. Траса ќе биде со вкупна должина од 669 километри.

Погледнете повеќе: Путин зад воланот на КамАЗ свечено го отвори Кримскиот мост