„Морате да почувствувате нешто однатре. Во одреден момент, нешто мора да кликне во главата, за да човек може веднаш да знае дека ќе оствари максимални резултати во тоа“, рече претседателот.
А кога веќе ќе се појави работата на која сакаш да ѝ го посветиш животот, тогаш доаѓа и упорноста, истрајноста.
„Веднаш штом ќе почнете да се занимавате со омилената работа, ќе постигнете и мали резултати и сè ќе си дојде на своето место. На сите што сега ја избираат својата иднина, својот живот, професијата, сакам тие целосно да се посветат на тоа“, рече Путин.
Рускиот претседател призна дека имал „тешки дискусии“ со неговите родители и тренерот по џудо кога ја избирал својата професија.
„Моите први желби беа како и кај сите момчиња - морнар, пилот. Размислував многу за сето ова. Посетував различни училишта, одев, седев, шетав по ходниците, гледав што се случува“.
Путин ги советуваше учениците добро да се замислат во сите тие професии, затоа што единствено така ќе почувствуваат дека можат да го работат тоа до крајот на животот.
А знаењето е основниот фактор на развојот и успехот, додаде тој.
„На училиште, на факултет, ни се чини дека многу работи се непотребни, дека сите тие знаења не можат да се применат во животот. Но, тоа не е така. Знаењето го одредува нашиот поглед на светот, а тоа е основата на нашиот развој и успех. Можеме и заборавиме некои конкретни работи што сме ги учеле на училиште или од нашите родители, но сепак тоа е нешто што нè оформува како личности“.
Путин додаде дека родителите мораат да им помогнат на децата во изборот на вистинската професија. Позитивното влијание на родителите никогаш нема да исчезне без трага, истакна Путин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче