Претседателот на С. Македонија Стево Пендаровски, на покана на рускиот лидер Владимир Путин, ќе учествува на прославите посветени на 75-годишнината од Победата во Втората светска војна што ќе се одржат на 9 мај во Москва.
„Еден од основните принципи на нашата држава е борбата против фашизмот. Затоа, се разбира, ќе бидам таму“, рече тој на средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Мировниот форум во Париз, пренесува ТАСС.