Русија доби нов арктички остров настанат поради глобалното затоплување. Го открија ученици!

Global Look Press

Ученици од виши класови од Чувашија, под раководство на студенти во Московскиот авијациски институт (МАИ), открија нов остров на Арктикот кој настанал како последица на глобалното затоплување, се вели во соопштението на прес-службата на МАИ.

„Површината на новиот остров е околу 110 хектари, а неговите димензии се 1,9 километри во должина и еден километар во ширина. Откако ова географско откритие биде официјално потврдено од страна на хидрографската служба на Министерството за одбрана на Русија, на новиот остров ќе биде испратена научна експедиција, која ќе изврши топографско снимање, детален опис и фотографско документирање“, се вели во соопштението.

Анализирајќи ги географските карти и снимките од вселената на Карското Море, учениците забележале дека Земјиниот `рт на островот Шмит ја изгубил поврзаноста со главниот дел на островот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња