Централниот архив на историско-политичките документи на Санкт Петербург го тргна печатот на државната тајна од карактеристиките на истакнатите функционери на овој град и Русија, вклучувајќи ги и личните карактеристики на Владимир Путин во кадровската документација на КГБ, каде што порано служеше сегашниот руски претседател. Фотографија од тој документ прикажа петербуршиот ТВ канал „78“.
Путин работел во руското разузнавање од 1975 година. Според документот, тој се покажал како „вреден, дисциплиниран и совесен службеник“.
В Петербурге раскрыли характеристику КГБ на Путина: https://t.co/WrloUDtZCWpic.twitter.com/dvMVnqkVuB
— 78 | НОВОСТИ (@good78news) October 30, 2019
Како што е истакнато во карактеристиките, Путин „постојано го крева своето идејно-политичко ниво“, а се занимава и со партиско школување и усовршување на професионалните вештини. Додека работел за КГБ, шефот на руската држава, според објавениот документ, се одликувал со „морална стабилност“ и уживал авторитет меѓу колегите.
Покрај тоа, во личната карактеристика е наведено дека претседателот во своето слободно време се занимавал со спорт, дека е мајстор на спортот на СССР во боречките вештини џудо и самбо и дека во 1976 година ја освоил титулата шампион на Ленинград.
Изложбата на обелоденетите документи е организирана по повод одбележувањето на 90-годишнината на Централниот архив, што ќе се прослави на 13 февруари. Експозицијата е отворена до 20 декември. Документите ќе бидат објавени во електронски вид и ќе бидат прикажани на мобилните штандови во историскиот парк „Русија - мојата историја“.
Владимир Путин беше примен во КГБ веднаш штом дипломираше на Правниот факултет на Ленинградскиот државен универзитет, во 1979 година заврши шестмесечен курс за преобука во Вишата школа на КГБ во Москва, а потоа се врати во Ленинград. Од 1985 година работеше пет години во Германија, во одделението на надворешната разузнавачка служба, а по враќањето по извесно време си даде отказ во 1991 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче