Поранешниот пауерлифтер Денис Виљданов успешно дебитираше во борбите без правила во рамките на шоу-програмата „Борба за хајп“ во Големиот Московски државен (погодете што?) циркус.
Рускиот борец од 212 килограми го нокаутираше ривалот Арнолд Величко (146 кг) 20 секунди по почетокот на борбата, поточно, од првиот до последниот поминаа 7 секунди.
Инаку, на познатите турнири во борби без правила максималната дозволена тежина на еден борец е 120,2 кг.
Погледнете ја оваа „борба за хајп“: