Во методолошките препораки за одржување на час, објавени на веб-страницата на руското Министерство за образование, се предлага да се одржи и натпревар во склопување и расклопување на автоматска пушка „Калашников“ АК-47 и АК-74 или, пак, во споредување на карактеристиките на АК со „американската автоматска пушка М-16“, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.
Часовите се препорачуваат за учениците од сите возрасти. Можат да ги одржат заедно двајца наставници, на пример, наставник по историја и наставник по Основи на безбедност на живеењето. Исто така, се советуваат наставниците да ги потсетат студентите на литературното наследство на Калашников, неговите изјави и моралните принципи.
Целта на часот е да им се овозможи на учениците „да ја разберат големината на личноста на Калашников како уникатна личност и во исто време типичен претставник на нашиот народ, војник и генерал, патриот и хуманист“. Целите на оваа активност вклучуваат „развивање чувство за патриотизам“, формирање „руски идентитет на ученикот заснован на проучување на примери на исклучителни воено-технички изуми“, како и зголемен интерес за служење војска.
Конструкторот на стрелечко оружје Михаил Калашников е роден на 10 ноември 1919 година во селото Курја во Алтајскиот крај во селско семејство со многу деца. Калашников е двократен Херој на социјалистичкиот труд, носител на орден на Сталин и Ленин. Во 2009 година, по повод 90-тиот роденден на Калашников, тогашниот претседател Дмитриј Медведев му го додели звањето Херој на Русија.
Во продолжение погледнете како руска ученичка во основно училиште расклопува и повторно склопува автомат „Калашников“ за помалку од 11 секунди!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче