Ученик од Екатеринбург меморира над 13000 децимали на бројот Пи

Carsten Leuzinger/imageBROKER.com/Global Look Press
Денис Бабурин, ученик во десетто одделение на специјализираниот образовно-научен центар на Уралскиот федерален универзитет, кој запамти над 13000 децимали на бројот Пи, влезе во Книгата на рекорди на Русија.

Денис вежбаше една година, меѓу другото, благодарение на поддршката од универзитетските професори, и во август во Москва учествуваше во утврдувањето на рекордот. Во специјална просторија тој на табли ги пишуваше децималите на бројот Пи и за шест часа и дваесет минути, со паузи за загревање, успеа да напише 13202 цифри, пренесува новинската агенција РИА „Новости“ повикувајќи се на прес-службата на Универзитетот.

Како што наведе изворот, проверката на резултатите и процесот на утврдување на рекордот траеле околу два месеци, а Бабушкин во октомври добил диплома и официјална потврда дека влегол во Книгата на рекорди на Русија.

Како што велат од универзитетската служба за односи со јавноста, пред година дена Денис ја видел информацијата за натпреварот во меморирање на децимали на бројот Пи, кога и ја добил идејата да го сруши рускиот рекорд и почнал да вежба.

Родителите на иницијатива на синот ја контактирале агенцијата „Пари“ (организатор на Книгата на рекорди на Русија), и тие го организирале тоа (утврдувањето на рекордот), прецизираше претставник на Уралскиот федерален универзитет.

Претходен рекорд во Русија го имаше наставникот по историја од градот Химки во Московската област Владимир Кондрјаков, кој запамети 13118 знаци. Актулениот светски рекорд за меморирање на цифри на бројот на Пи по запирката го постави во март 2015 година студентот од Индија Раџвир Мина, кој запамети 70000 цифри.

Прочитајте повеќе: Шестгодишник од Чеченија постави светски рекорд во склекови на разбој

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња