Петгодишно дете од Чеченија постави светски рекорд: направи 4105 склекови без пауза

Силата и издржливоста на Рахим Куриев се вчудовидувачки.

Петгодишниот Рахим Куриев постави нов светски рекорд. „Чеченскиот Шварценегер” интензивно се занимава со спорт, што му овозможи за 2 часа и 25 минути да направи 4105 склекови без пауза. Рекордот го забележа Министерството за спорт на Чеченија, кое  потврди дека малиот спортист е навистина исклучително издржлив и силен.

И покрај своите години, Рахим повеќе од година дена се занимава со спорт. Тој не оди во некој спортски клуб, туку вежба дома под надзор на родителите.

Куриев лесно може да направи шпага, може да се држи само на раце и да прави згибови држејќи го телото вертикално во однос на подлогата. Благодарение на постојаниот тренинг, тој веќе на пет години има импресивни мускули на кои можат да му позавидат и возрасните мажи.

Рахим планираше да направи пет илјади склекови, но успеа да направи само нешто повеќе од четири илјади. Иако Куриев не ја постигна својата цел, сепак тој стана рекордер. Малиот жител на Чеченија го собори некогашниот рекорд што беше оставен од петгодишниот Бату Боткаев од Елиста. На 27 декември 2015 година тој направи 4050 склекови. А дотогаш најиздржливо дете на планетата беше седумгодишен Киевјанин, кој за два и пол часа направи 4000 склекови.

Сега светски рекордер е Рахим. Тој не планира да запре на постигнатото, туку веројатно ќе се обиде да го собори сопствениот рекорд. Инаку, својата победа му ја посвети на претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња