„Рацете-базуки“ редат пораз по пораз: Рускиот крал на синтолот го скршија во октагонот (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Вести од областа „лудо и невидено, а се случило во Русија“: Кирил Терешин, попознат како „Раце-базуки“, се судри со друг познат блогер, кој изгледа на сѐ освен на спортист, и повторно изеде ќотек!

Кирил Терешин, кој се прослави (444 илјади следачи на „Инстаграм“) кога си вбризга во неговите бицепси и трицепси литри маслиново масло, бензил алкохол и лидокаин затоа што немал пари за синтол, се согласи на борба без правила со уште еден чудак наречен Олег Монгол (речиси 700000 следачи на „Инстаграм“) кој, благо кажано, е исто така далеку од спортот.

„Вакви тепачки гледам секој петок пред локалната продавница за алкохол“, беше еден од коментарите на јутјуб-каналот на Монгол. И човекот не е далеку од вистината. Погледнете и самите:

Погледнете го и рускиот меч на векот: Сибирскиот фармер Васја и фрикот наречен Раце-базуки во двобој на шамари!(ВИДЕО)