„Би сакала да ви се заблагодарам за храбрата одлука да ги пуштите на слобода китовите-убијци и белите китови кои беа заточени во заливот недалеку од Находка. Префрлувањето на животните веќе започна и јас ви се заблагодарувам што ја презедовте обврската за ослободување на преостанатите 75 китови и да не дозволите лов на живи слободни китови-убијци и неколку видови делфини во руските води во 2020 година“, се вели во текстот на писмото, пренесува ТАСС.
Според актерката, ловот е голем стрес кој на долг рок доведува до намалување на бројот на овие животни.
„Ако сите делфини и китови бидат на слобода во океанот, а не затворени за забава, нивната заштита со право ќе се смета за заслуга на Русија“, пишува Андерсон.
Во заливот Средни во Приморскиот крај се чуваат од минатото лето 90 бели китови и 11 китови-убијци фатени заради продажба во Кина, меѓутоа три белуги и еден кит-убиец исчезнаа. Според наводите на обвинителството, животните биле фатени нелегално, па е поднесена кривична пријава за противзаконски лов на биоресурси. Во јуни започна пренесувањето на животните на северот на Хабаровскиот крај заради пуштање во природа. Во заливот Средни во овој момент се останати 61 белуга.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче