„Веќе ги реализиравме првите задачи на улиците на овој град. Кога завојуваните страни ги гледаат нашите возила на кои е видливо истакнато руското знаме, интензитетот на борбата нагло опаѓа и таа престанува. Во претходниот период имавме некои проблеми со контингентот на американските сили кој беше стациониран во оваа област. Неколку пати имавме блиска средба со нив, при што тие ни велеа дека се наоѓаме во нивната зона на одговорност. Тоа сега е надминато“, рече рускиот офицер за интернет-порталот ТАСС.
Оклопниот автомобил „Тигар“ е повеќенаменско возило. При неговото креирање конструкторите намерно се откажаа од шемата на носечката конструкција на возилото, која во голема мера ја користат светските компании кои се занимаваат со производство на слични типови возила. На руското оклопно возило е применета тнр. крута шасија на која е интегрирана оклопна каросерија. Овој начин на склопување на автомобилот овозможи да се добие стабилна, повеќенаменска платформа.
„Тигар“ може да има оклопна каросерија со 2, 3 или 5 врати, што во крајна линија и ја определува специфичната намена на возилото. Сето ова овозможува интеграција на различни видови оружје и друга воена опрема, специјални техники и сл. Притоа сите верзии на „Тигар“ се унифицирани според шасијата, суспензијата, моторниот агрегат и трансмисијата.
Во моментов се актуелни 3 основни верзии на оклопното возило „Тигар“. Станува збор за воените модели со ознаките АМН 233114 „Тигр-М“ и АСН 233115 „Тигр-М СпН“, како и специјалната оклопна верзија СБМ ВПК-233136.
Во зависност од потребата за конкретни задачи (кои се специфични за посебните видови и родови на војската), од овие верзии може да се направат модификации кои целосно ги задоволуваат сите нивни критериуми. Така, на пример Росгвардија изрази потреба за набавка на специјална извидувачко-командна верзија на ова возило. За таа цел е направена оклопна капсула со 5 врати, со бројни отвори на покривот на возилото што ќе овозможат интеграција на различни оптоелектронски уреди, антени за радио-комуникација и средства за електронско извидување.
Инаку, руските баталјони на Воената полиција се здобија со бројни искуства на терен при извршувањето на екстремно сложени задачи како што е воспоставувањето ред и мир на подрачја каде војната траеше со години. Овие единици се составени од исклучителни професионалци со долгогодишно воено искуство, главно од подрачјето на Кавказот. Тие се карактеризираат со исклучителна внатрешна дисциплина и организациска цврстина, што им дава способност за многу кратко време да воспостават целосна контрола на кој било дел од сириската територија. Овие единици се покажаа како незаменлив фактор во организацијата на постигнатите договори меѓу завојуваните страни, особено кога станува збор за формирање коридори за излез на поразените непријателски војници и нивните семејства, како и во испораката на хуманитарна помош на цивилното население.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче