Инцидентот се случил во 2014 година, пишуваат руските медиуми повикувајќи се на шведското издание на Svenska Dagbladet. Се претпоставувало дека се работи за руска мини-подморница. Потрагата траела околу една недела и ја чинела Шведска 20 милиони круни (1,8 милиони евра). По завршувањето на потрагата шведскиот министер за одбрана Петер Хултквист изјави дека војската нашла потврда дека во шведските територијални води се наоѓала странска подморница.
Службеникот на Шведската метеоролошка служба (SMHI) Пер Улсон објасни дека изворот на сигналот била расипана метеоролошка бова во Балтичкото Море. Грешката е откриена при анализа на записите од друга подморница, која имала посовремена опрема.
Министерството за одбрана дознало за грешката пролетта 2015 година, но шведските власти биле известени само четири месеци подоцна. Дотогаш, парламентот веќе одобрил зголемени вложувања во одбраната од 10 милијарди круни (923 милиони евра) и издвојување на дополнителни ресурси за потрага по странски подморници кои можат да се најдат во територијалните води на Шведска.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче