Во градот Барнаул во Западен Сибир е поставен руски рекорд во најмасовниот бакнеж, објави локалниот портал Алтај-прес. Повеќе од двесте парови учествуваа во љубовниот флешмоб.
Акцијата беше организирана по повод отворањето на манифестацијата „Свадбена сезона - 2019“, која е посветена на младенците од минатата година од градовите Барнаул и Бијск.
Претходно најмасовниот истовремен бакнеж во Русија беше забележан во Книгата на рекорди на Русија во Москва на 10 август 2019 година. Во него учествуваа 45 парови. А на 1 јули, на денот на одбележувањето на 399-годишнината н а Новокузнецк, во тој град во ваков флешмоб учествуваа 61 двојка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче