Кога станува збор за мажите, статистичките податоци останаа исти - тие и понатаму најчесто се женат на возраст меѓу 25 и 34 години, пренесува РИА „Новости“.
„Младите го одложуваат стапувањето во брак. Меѓу главните причини се стекнувањето со образование, градењето кариера, немањето работа и свој стан, нестабилната ситуација, ставањето на личното задоволство во преден план“, рече Елена Егорова, раководител на лабораторијата за квантитативни методи за истражување на регионалниот развој на Рускиот економски универзитет „Плеханов“.
Таа додаде дека постои уште една причина – сѐ поголемениот број на невенчани парови, што е карактеристично за помладите генерации.
„Наскоро во репродуктивниот период и зрелост за брак ќе влезат генерациите родени на почетокот на 2000-тите и веќе наредната година може да се очекува зголемување на стапката на склучени бракови“, нагласи Егорова.
Според податоците на „Росстат“, сѐ поголем е бројот на жени кои се мажат после 35 година.
„Со традиционално присутната желба на жените да имаат законски признато семејство, во последно време психолозите и социолозите забележуваат појава малку постарите жени кои имаат успешна кариера или бизнис сѐ повеќе да претпочитаат живот со деца, но без сопруг“, рече Егорова.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче