Деца од движењето „Јунармија“ во Тува му приредија роденденски перформанс на Путин

Скриншот, страница на претседателот на Република Тува Шолбан Кара-ол
Членовите на детското движење „Јунармија“ во Тува на оригинален начин му го честитаа роденденот на претседателот на РФ Владимир Путин.

Повеќе од 200 јунармејци се наредија на кејот на Енисеј во Кизил, правејќи ги со телата зборовите „Путин“ и „Тува“ споени со срцев симбол, соопшти за агенцијата РИА „Новости“ портпаролот на шефот на републиката Долана Салчак.

Во понеделникот Путин наполни 67 години. Неколку дена пред тоа, тој престојуваше во сибирската тајга каде, според зборовите на портпаролот Дмитриј Песков, „уживаше во есенската природа“.

Во сибирската тајга на одмор.

Акцијата, според зборовите на Салчак, беше организирана во близина на скулптурата на Даши Намдаков „Царски лов“ на брегот на Енисеј. Во перформансот учествуваа преку 200 припадници на „Јунармија“ од Кизил, главниот град на Тува, како и од населените места Ка Хем и Сукпак. Шефот на републиката, Шолбан Кара-Ол, на својата страница на „Фејсбук“ го објави роденденското видео.

Видеото трае една минута. Од него се гледа како јунармејците на Тува се редат на кејот на Енисеј и формираат симбол на срце што ги поврзува зборовите „Путин“ и „Тува“ (рус. „Тыва“), а потоа неколкупати ги извикуваат зборовите „Среќен роденден!“

Долана Салчак истакна дека децата самите го направиле овој клип. Тие користеле два квадкоптери добиени како дел од федералниот проект „Точка на раст“.

Претходно портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков изјави за агенцијата ТАСС дека претседател на Русија Владимир Путин оваа година ќе го помине роденденот без работни активности, во природа и во друштво на семејството и пријателите.

Владимир Путин и Сергеј Шојгу на заслужен одмор, Тува, 7.10.2019.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња