Руски гимнастичарки изведоа акробации на висина од 600 метри без сигурносни везови (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Анжела Кулагина и Наталија Косарева изведоа акробации на висина од 600 метри без сигурносни везови на небото над Новосибирск.

Програмата, која се состоеше од акробатика и шпаги, траеше осум минути. Летот успеа од вториот обид: првиот пат им се скина сајла.

„Од првпат не успеавме, паднавме на земја. Беше критично. Веќе си помислив дека девојките после тоа нема да полетаат. Во првиот обид, исто така, се судрија. Но, излезе дека гимнастичарките се многу храбри! Вториот обид успеа“, изјави за порталот „НДН-Инфо“ параглајдеристот Александар Орлов, кој го организираше летот.

Снимката е објавена на јутјуб-каналот на Станислав Ражев.

Александар Орлов истакна дека потфатот истовремено го снимале два квадрокоптера. „Вистина, едниот од нив пред слетувањето налета право на нас”, додаде тој.