Сакате руско државјанство?Новата миграциска политика на РФ ви овозможува да го задржите македонското

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руската Федерација ја олеснува процедурата за добивање дозвола за престој и државјанство.

Странците кои сакаат да добијат руско државјанство многу скоро нема да мора да се откажат од државјанството на матичната држава.

Промените во миграциската политика на Русија ги предложи Министерството за економски развој и ќе бидат внесени во предлогот за федералниот буџет за 2020-2022 година.

Реализацијата на овие промени во перспектива треба да доведе до укинување на условите за откажување од друго државјанство, објаснуваат од министерството, пренесува агенцијата РИА „Новости“. 

Новата миграциска политика на Русија предвидува и поедноставена постапка за добивање дозвола за престој (рус. вид на жительство) и државјанство за дипломирани студенти на руски високообразовни институции, како и во водечките високообразовни институции во земјите на Заедницата на независни држави и балтичките држави.