Руското просење невеста со спецназ ги запрепасти странците (ВИДЕО)

Pixabay/Global Look Press

Еден младич одлучи да ја запроси избраничката на неговото срце на несекојдневен начин, така што инсценира интервенција на специјалци под полна опрема од која замрзнува крвта во вените, за на крај на баладата да клекне пред идната невеста со прстен во раката. Видео снимката на „руското“ просење се рашири на „Твитер“ и стана многу популарно, особено во странство.

На снимката се гледа како луѓе во униформи на руските безбедносни структури го запираат автомобилот во кој се вози вљубениот пар. Откако ги замолуваат да излезат од колата, „спецназовците“ грубо се однесуваат спрема нив, терајќи ги да се потпрат на хаубата на автомобилот. Еден од припадниците на специјалните единици изнесува од колата торба, вади црна кутија и прашува што има во неа.

„Приведениот“ вади некаков предмет во кој се наоѓа прстен, ѝ приоѓа на девојката со насмевка и ја запросува. Таа е надвор од себе, во шок и на работ на нервен слом после сѐ, сфаќа за што се работи и се согласува. И додека младенците се гушкаат, еден од актерите облечен во униформа на руските специјалци ѝ дава на девојката букет цвеќе. „Дури и за руски критериуми тотално лудило“, заклучува корисникот @Captain_Cunto кој го постави видеото на „Твитер“.

„Таа дефинитивно не е нормална ако ѝ се допаѓа ова“, напиша E.Omar, додека Taryn Де Vere забележува дека младоженецот е потенцијален насилник, бидејќи тука станува збор за закана и насилство обвиткани во романса.

Видеото кое многумина странци го коментираа со зборовите „сурова романса“ стана исклучително популарно во Велика Британија. Според „Тајмс“, апсењето го инсценирала агенцијата специјализирана за организирање свадбени свечености со учество на лажни безбедносни ресори.

Сопственикот на компанијата од Петербург Сергеј Родкин рече дека таквите креативни просења чинат од 25 илјади рубли. Според неговите зборови, тој не се сеќава дека имало жена која не била испросена по таквото „апсење“. Родкин рече дека нивните клиенти се најчесто мажи кои претходно работеле во полиција или други безбедносни ресори. Како што се нагласува, компанијата нуди и други видови на забава, лажни киднапирања на невестата или на младоженецот пред свадбата, во текот на веселбата или по неа.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња