Инцидентот се случи на постојката за авиони, пренесува телевизијата „Вести”. На видеоснимката се гледа како куферот нагло забрзува и се оддалечува од авионот кон терминалот, вртејќи се околу својата оска.
Корисниците на интернетот со причина се посомневаа дека ова парче багаж има страв од летање. Сѐ помина без последици и куферот сепак мораше да се врати во авионот и да отпатува.