За да снимите интересна автомото снимка, потребни ви се три елементи:
- превозно средство,
- пречка за тоа превозно средство, како што се други возила, природни стихии, луѓе или диви животни,
- големо количество лудост и енергичност во главата и срцето на возачот.
Доколку го имате сето тоа на едно место, можете да сметате на тоа дека ќе станете крал на „Јутјуб“ и дека ви се загарантирани десетици илјади прегледи, смета авторот на весникот РГ.
Јунакот на оваа видеоснимка, возач на кран, има лудост, и тоа премногу. А исто така му е својствен и презирот што го има спрема физичките закони. Смело кревајќи бетонска плоча, што за еден кран е вообичаена работа, тој успеа така да го накриви возилото што тоа во еден момент се преврте на бок.
Како му успеа тоа, и покрај поставените бочни потпирачи, тешко е да се долови од снимката. „Возачот на кранот е лош и кранот е лош”, објаснува авторот на снимката. Тука веројатно и лежи објаснението за овој настан.