Деветти септември е Меѓународниот ден на убавината, а по тој повод туристичкиот портал ТурСтат направи рејтинг на руските градови во кои живеат најубавите и најпривлечни жени.
На првото место со 23 отсто гласови очекувано се најде Москва, а ја следи Санкт Петербург со 10 отсто гласови. Третото и четвртото место ги зазедоа Новосибирск и Ростов на Дон со по 6 отсто гласови.
Нешто помалку гласови имаат Екатеринбург, Казањ, Краснојарск и Самара (5%), и уште еден процент помалку Краснодар, Сочи, Омск и Уфа.