Кај архипелагот Земјата на Франц Јозеф на Арктикот, група на Северната флота откри пет нови острови во Карското море, објавија руските медиуми повикувајќи се на прес-службата на Северната флота.
Како што изјавија членовите на експедицијата, површината на островите е од 900 до 54,5 илјади квадратни метри. Тие се наоѓаат во заливот Визе. Се наведува дека новите географски објекти се фотографирани и опишани и дека ќе станат дел од руската територија.
„На новите острови се извршени топографски снимања”, истакнува прес-службата.
Исто така се наведува дека стручњаците првпат ги откриле овие острови во 2016 година при анализа на сателитски снимки. Веројатно претходно не се гледале бидејќи ги криел глечер.