Во Велика Британија се подготвува серија за Путин

Sputnik

Британската телевизија Channel 4 планира да сними документарен филм од неколку епизоди за претседателот на Владимир Путин.

Филмот ќе има три дела и ќе биде „исцрпна приказна за Путиновото владеење и за тоа како тоа го промени современиот свет“, се наведува на сајтот на британскиот ТВ-канал.

„За да сфатиме што се случува во светот денес, треба да го разбереме Владимир Путин. Путин ја покажа својата сила како еден од најзначајните политичари на XXI век“, изјави извршниот продуцент на филмот Џејмс Роган. Станува збор за тоа како Путин „ја редефинираше политиката и какво влијание имаше тоа врз целиот свет“.

Планирани се снимања во Русија, САД, Европа и Велика Британија. Ќе бидат користени архивски материјали и разни интервјуа.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња