Од московски аеродром вратени дваесет милиони инсекти во Велика Британија

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
На московскиот аеродром „Внуково“ е стопирана регистрацијата на партија живи инсекти од Велика Британија без соодветна придружна документација, а сите 20055000 единки се вратени од каде што дојдоа.

Како што се наведува на сајтот на управата на „Россељхознадзор“ за град Москва, Московската и Тулската област, вработените во „Россељхознадзор“ задржале на аеродромот „Внуково“ преку 20 милиони живи инсекти кои пристигнале од Велика Британија. Инцидентот се случил на 14 август на пограничната ветеринарна станица Внуково-Карго. Како што се прецизира во соопштението на рускиот ресор, од Велика Британија пристигнала партија живи инсекти составена од 20050000 единки чија регистрација е стопирана.

Како причина се наведуваат нерегуларности, меѓу кои се отсуство на придружна ветеринарна документација, како и дозвола од „Россељхознадзор“ за увоз на контролиран товар. Партијата, според пишувањето на руските медиуми е вратена назад во Велика Британија.

Претходно научниците предупредуваа дека на Русија ѝ се заканува еколошка катастрофа поради сѐ поголемениот број бубачки-штетници кои пристигнале во земјата од други земји. Според научниците, агресивните „странци“ ги потиснуваат локалните видови, со самото тоа нарушувајќи ја еколошката рамнотежа, пишува МК.