Во Франција со товарен авион беше префрлен хеликоптерот Ми-8, со кој рускиот претседател ќе патува низ земјата. Токму во ова летало Путин од Марсеј замина за тврдината Брегансон.
Reuters
Хеликоптерот на специјалниот летачки одред „Русија“ пристигна во Марсеј во полурасклопена состојба. По неговото пристигнување, беше склопен за потоа Путин со него да отиде во тврдината Брегансон на состанок со францускиот лидер Емануел Макрон, пренесуваат руските медиуми.
Путин пристигна во Франција во понеделникот. Пред почетокот на преговорите со Макрон, лидерите одржаа прес-конференција.
Reuters
Путин при претходните посети на други земји обично со себе обично го носеше автомобилот Aurus, но овој пат беше решено да патува по Франција со хеликоптер.
Reuters