Предвесник на цунами? До руските брегови првпат доплива џиновски „крал на харингите“

Instagram Антонини Туник (Судоргиној) @tonya_yanot_
Жителите на Приморскиот крај наидоа на редок вид риба долга околу два метра, позната и како крал на харингите. Според стручњаците, рибата досега не била видена во Русија. Кралот на харингите, или риба-весло, е риба која ги населува топлите, умерено топлите и умерените води на Тихиот, Атлантскиот и Индискиот Океан на длабочини до еден километар. Крал на харингите ја нарекоа норвешки рибари кои ја забележале во јато харинги, поради „круната“ на главата што ја сочинуваат зраците на грбната перка.

„Рибата-весло во Русија во Приморскиот крај на 5 август во Заливот  Палада“, рече Антонина Туник, која ја фотографираше рибата.

„Имаше застрашувачки мустаќи, мислевме дека е отровна... Кога плива изгледа како чудовиште. Очите ѝ се како на див ѕвер, а во водата сјае како огледало“, рече Антонина, истакнувајќи дека рибарот кој ја фатил рибата за опашката и со тоа ја извлекол од водата на крајот ја вратил во морето.

Докторот по биологија на Далекоисточното одделение на Руската академија на науки Владимир Раков за медиумите изјави дека рибата-весло никогаш порано не била видена во Русија. Името риба-весло се должи на фактот што половина од телото го користи како весло. Во Русија, таа се нарекува ремен-риба поради своето издолжено тело.

„Овој вид риба не е регистриран во руските води. Секој ихтиолог со задоволство би се упатил на крајот на светот заради кралот на харингите, пронајдокот е уникатен, така што може да се внесе во прирачниците како нов вид во фауната на Руската Федерација“, рече рускиот научник.

Меѓутоа, тој не верува дека појавата на рибата е предвесник на цунами.

„Никој никаде досега не утврдил таква врска. Таа е пронајдена на бреговите на Јапонија во пресрет на цунами и земјотрес, но тоа попрво е случајност“, рече Раков.

За рибата која првпат е видена во Русија, една од најдолгите со коскен скелет и која може да достигне и до 11 метри, беше пишувано во февруари кога неколку кралеви на харингите беа откриени во близина на брегот на јапонската префектура Тојама. При должина од 3,5 метри висината на телото може да биде до 25 сантиметри, а нејзината дебелина само пет. Риба од 5,5 метри може да тежи 250 килограми. Се храни со планктон и ситна риба. Патем, легендата вели дека овие риба наговестува катаклизми. Може да се прочита дека пред катастрофалниот земјотрес и цунамито во Јапонија, морето исфрлило десетина единки од овие мистериозни риби.

Архивска фотографија

Прочитајте повеќе: Ова е вистинска инвазија: Норвешки весник повикува на убивање руски лососи

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња