Жителот на Нижни Новгород Илја Молодов направи од картон макета на „Гелендеваген“, ја постави на велосипед и во таа конструкција се возеше низ градот. Снимката за тоа како го направи картонскиот џип и го возеше низ сообраќајниот метеж, кршејќи ги сообраќајните прописи, Молодцов ја објави на својот инстаграм-профил.
„Го проверуваме овој податок, внимателно ја проучуваме снимката и веќе можеме да видиме неколку кршења на прописите, вклучително и преминување преку полна линија. Стручњаците ќе ја проучат и самата конструкција, а потоа ќе покренат прекршочна постапка против младичот“, коментираа од полицијата за агенцијата РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче