Руси се превртеле со кола и чекаат помош сладејќи се со лубеница (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Учесници во сообраќајна несреќа во центарот на Барнаул си приредија пикник.

На снимката објавена на инстаграм-профилот Unusual Crimes Barnaul се гледа како една жена и двајца мажи се честат со лубеница. Пресечената лубеница стои на „Лада“ што се превртела во судар со теренско возило „Нисан Терано“.

Повикувајќи се на очевидци, каналот пишува дека жената го возела теренецот, додека момците биле во рускиот автомобил и се полесно повредени. Учесниците во несреќата решиле да не повикаат полиција, пишува Sibnet.ru.