Тоа ќе биде класичен крстокуполен храм, инспириран од познатата црква „Преображение на Христос Спас“ од 14 век во Велики Новгород. Во западниот дел на Москва на реката Сетун ќе биде изграден православен храм во модерен архитектонски стил со стаклен ѕид, соопшти Одборот за архитектура на главниот град кој во соработка со Московската Патријаршија го одобри проектот.
Црквата „Свештеномаченик Игнатиј Богоносец“ во Верејската улица ќе биде украсена во лаконски стил и минималистички детали. Проектот е потпишан од архитектите Саид Џабраилов од бирото „Архитекти А.Р.Е.А.Л.“ (Архитекторы А.Р.Е.А.Л.) и Валериј Лизунов и Ангела Моисеева од бирото Archpoint, чија потесна специјалност се јавни објекти.
Иницијатор на проектот и негов нарачател е старешината на храмот, јеромонахот Јона.
Специфичноста на црквата ќе биде нејзиниот источен ѕид во стакло до кој се наоѓа олтарниот простор. Низ ѕидот ќе се пружа поглед на долината на реката Сетун.
Предвидено е крстот да биде направен од триплекс со осветлување.
Храмот ќе биде класичен крстокуполен, а како прототип послужи познатата црква „Преображението на Христос Спас“ „на Илине“ во Велики Новгород, изградена во 14 век, кој изгледа неверојатно модерно, со малку декоративни елементи.
Според главниот архитект на Москва Сергеј Кузнецов, проектот на овој футуристички православен храм „ги сочува сите традиционални архитектонски елементи на црковната градба со придодадени новитети во деталите“.
Црквата ќе може да прими 500 верници. Во внатрешноста ќе бидат изградени ниши за иконите со истурена подлога за свеќи. Олтарниот простор ќе биде одвоен од централниот дел на храмот со низок иконостас со еден ред икони. На тој начин архитектите сакале да постигнат отвореност на просторот во кој се врши главниот дел на богослужбата. Како што се истакнува, овој систем бил присутен во раното христијанство и речиси никогаш не се применува во модерните православни цркви.
Според главниот архитект на Москва, во Русија постои претпазлив став спрема современите архитектонски решенија во црковната конструкција. „Затоа појавата на ваков проект претставува вистинско мало чудо“, рече Кузнецов.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче