Во Русија пронајден нов метод за откривање подморници

Нуклеарната подморница од четвртата генерација „Северодвинск“ од класата 885 „Јасен“.

Нуклеарната подморница од четвртата генерација „Северодвинск“ од класата 885 „Јасен“.

Олег Кулешов/Министерство за одбрана на РФ
Стручњаците на Криловскиот државен научен центар работат на принципиелно нов начин за детектирање подморници по трагата која нивните пропелери ја оставаат во водата.

„Сега работиме на полињата на водената трага (бранувањето на водата од работата на пропелерите). Од моја гледна точка, тука се најголемите перспективи за откривање подморници, затоа што овие полиња траат подолго од останатите“, изјави на Меѓународната поморска изложба за агенцијата ТАСС раководителот на Криловскиот државен научен центар (КДНЦ) Валериј Половинкин.

Акустичните и електромагнетните сигнали што ги прави подморницата се преместуваат заедно со неа, а нејзината водена трага се задржува уште некое време. Според неа може да се детектира престојот на подморницата во дадена точка, како и правецот во кој се  движи.

Паралелно со уреди за детекција на непријателски подморници, КДНЦ работи и на отежнување на детектирањето на руските подморници.

„Намалувањето на забележливоста на подморниците е проблемот над проблемите. Ние постојано се грижиме за тоа, само што со текот на времето се менуваат приоритетите. Во една фаза тоа се полињата на горната полусфера, а во друга акустичните полиња. Сега посветуваме внимание на полињата на водената трага“, продолжи Половинкин.

Криловскиот центар има направено многу сериозна програма за намалување на акустичната видливост на руските подморници од четвртата и петтата генерации. Научниот раководител на КДНЦ од разбирливи причини не зборуваше за ова подетално. Само соопшти дека програмата е усвоена, дека средствата наменети за нејзиното спроведување се издвоени и дека вниманието на научниците е фокусирано на неколку моменти. Прво, тоа е намалување на нивото на вибрации на извршните механизми – на елисниот и пропулзивниот  погон. Второ, заострени се општите стандарди за виброакустичните  карактеристики на подморниците. И третата насока се новата обвивка и материјалите кои придонесуваат за намалување на забележливоста на подморниците.

КДНЦ е научноистражувачки институт кој се занимава со фундаментални проекти за потребите на воената и цивилната морнарица. Основни правци на дејноста на центарот се истражувањата во областа на хидродинамиката, цврстината на материјалите, енергетиката и електронско-енергетските системи, физичките полиња, хидроакустиката, како и конструирање електротехнички уреди, пропелери и погонски системи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња