2 милиони блокови и 2 години работа: Руско момче изгради свој Краснодар во „Мајнкрафт“ свет (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Компјутерската игра „Мајнкрафт“, која се фокусира на изградба и истражување во практично неограничен генериран свет, неодамна наполни 10 години, а за тоа време беа продадени преку 176 милиони лиценци, што ја прави најпродавана игра на сите времиња.

Четиринаестогодишниот Владислав Занегин две години редел 2346500 блокови во „Мајнкрафт“ и направил свој град.

„Идејата да го изградам Краснодар се роди уште 2015 година, но никако не можев да почнам. Се решив дури 2017-тата. Почнав од стадионот „Кубањ“, бидејќи живеам во близина. „Мајнкрафт“ секојдневно ми одземаше околу 2 - 2,5 часа. Завршив на 1 јули 2019“, вели Владислав за порталот Југа.ру.

Момчето додава дека хобито на никој начин не влијае на неговиот успех во учењето и дека желбата му е да студира архитектура.