Девојка во Петербург на хаубата возеше обожавател еден и пол километар (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Една девојка во Петербург, опуштено пушејќи цигара, еден и пол километар возеше свој обожавател на хаубата на автомобилот, по што накратко запре во близина на автобуската станица и се одвезе понатаму веднаш штом нејзиниот патник застана со нозете на асфалтот.

Овој необичен настан го сними еден возач со камера и снимката ја објави на социјална мрежа, додавајќи дека возењето започнало кај метро-станицата „Звјозднаја“ и завршило на улицата „Орџоникиѕе“.

Подоцна корисниците на социјалната мрежа ги дознаа деталите за овој настан. Според нивните информации, на девојката зад воланот упорно ѝ здодевал непознат млад човек и таа не нашла подобро решение отколку да тргне и малку да го повози.