Кој што пие? На вечерата на лидерите на Г-20 Путин дојде со свој термос (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

Новинарите го прашаа портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков зошто Владимир Путин дојде на вечерата на лидерите на Г-20 на самитот во Осака со свој термос.

„Работата е во тоа Путин постојано пие чај од тој термос“, одговори Песков. Во текот на вечерата рускиот претседател се чукаше со колегите претседатели со термос-чашата, која не ја гледаме првпат во неговите раце.

Американскиот претседател наздравуваше со кока-кола, пренесуваат медиумите. Трамп е инаку познат како голем љубител на кока-кола и велат дека на бирото во Белата куќа има дури и специјално копче кое го притиска кога не сака ништо друго освен кока-кола.