Макета на главниот храм на Вооружените сили на Русија беше претставена на форумот „Армија 2019“, соопшти во средата Дмитриј Смирнов, главниот архитект на овој проект.
„На експозицијата на форумот „Армија 2019“ е претставена макета на главниот храм на Вооружените сили на Русија. Таа е направена специјално за овој форум во размер 1:100 со помош на 3Д принтери кои се користат за изработка на накит“, рече Смирнов.
Според него, макетата на фасадата го одразува до најситни детали изгледот на идниот храм. Изработката на макетата траела два месеца.
Два монитора на штандот го прикажуваат надворешниот и внатрешниот изглед на храмот и неговата околина.
Покрај тоа, на истата локација во рамките на овој форум за посетителите е организирана минијатурна ковачница кадешто секој може со сопствени раце под контрола на стручњаци да си искова за спомен паричка со приказ на главниот храм на Вооружените сили на РФ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче