Патријархот Кирил ја освети главната икона на Вооружените сили на Русија (ВИДЕО)

Скриншот
Патријархот Московски и на цела Русија Кирил ја освети иконата „Спас Нерукотворни“ за чија изработка даде прилог претседателот на Русија Владимир Путин.

Чинот на осветувањето беше извршен веднаш по велигденската богослужба во Храмот „Христос Спасител“, пренесува агенцијата ТАСС.

На осветувањето покрај шефот на руската држава присуствуваа и премиерот на Русија Дмитриј Медведев, министерот за одбрана Сергеј Шојгу и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

Планирано е иконата да им се покаже на руските трупи, по што ќе биде сместена во главниот храм на Вооружените сили на Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња