Мајор на руското воено воздухопловство Светлана Протасова, единствената жена на светот која има летано со авион МиГ-29.
Михаил Рогозин/TASSПретседателот на РФ Владимир Путин смета дека нема никакви ограничувања за девојките кога станува збор за професијата воен пилот. Ова тој го изјави на 20 јуни во текот на „Директната линија“, одговарајќи на прашање на девојките кои учат во Краснодарската висока воена пилотска школа.
„Не гледам никакви ограничувања, меѓу другото и за служење во ловечката авијација. Сепак размислете што се однесува до јуришната авијација, таму има високи оптоварувања, јас воопшто не разбирам како момците го изведуваат тоа. Но не гледам ограничувања“, рече Путин.
Шефот на руската држава исто така рече дека од 2012 година кога сѐ ќе се собере и самиот поминал во воздух неколку месеци.
Претседателот на РФ претходно најави дека на Нахимовската морнаричка воена академија во Санкт Петербург ќе ѝ биде овозможено да прима и девојки.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче