Најпрво, би сакале да и се заблагодариме на редакцијата на Russia Beyond Македонија за претставената можност да ги раскажеме своите импресии од посетата на Русија.
Поводот за посетата на Русија беше проектот „Амбасадори на Победата“ организиран од страна на движењето Волонтери на Победата од Русија. Федералниот проект Меѓународен конкурс „Амбасадори на Победата“, посветен на Денот на Победата, беше организиран од страна на „Меѓународната волонтерска организација 75-годишнина од Победата и се одржа во Москва и Тула од 5 до 11 мај. Целта беше да се соберат повеќе од 100 претставници од 40 различни држави во светот, да поминеме низ циклус на обуки, за да бидеме подготвени во 2020 година, а и во текот на 2019 година, да организираме низа на настани поврзани со одбележувањето на јубилејот, 75 години од Денот на Победата. Исто и во Македонија ние ќе организираме низа настани поврзани со партизаните и нивната борба во Втората светска војна.
Од Македонија за Русија заминавме како тим од 4 претставници: Дарко, Филип, Магдалена и Елена.
Во Руската Федерација ги посетивме градовите Москва и Тула. Сите ние Москва ја имаме посетувано и порано, а Тула ја посетивме за прв пат. Москва – убавица која што постојано се гради и се развива, каде што тренд се новите технологии. Град кој што никогаш не спие.
Тула е град со околу 600.000 жители, среден град, со пространи авении, преубава архитектура, град познат по тулските прањики, самовари, кондитерски производи, но и град на воената индустрија и оружје.
Сите ние сме побогати од овој проект и посета на Русија. Побогати за нови пријателства, нови знаења, научивме како да пишуваме проекти, на што да обрнеме внимание, како да организираме настани со голем број луѓе, како да се однесуваме за време на такви настани. Научивме и на своја кожа почувствувавме што значи да се биде волонтер на Денот на Победата и на Бесмртниот Полк. Исто така изградивме мостови на пријателства и соработка со млади луѓе од целиот свет, и во иднина планираме да организираме разни проекти со нив.
Преубави спомени кои што ќе ги паметиме целиот наш живот. Почнувајќи од преубавата Москва, и присуството на концерт во Кремљ посветен во чест на Денот на Победата. На концертот измешани чуства, на радост за победата, но и на тага за огромните жртви во Големата татковинска војна кои што ги положил СССР. Го посетивме и Александровскиот Парк, како и Црвениот Плоштад. Посетата на мултимедијалниот историски парк „Русија-моја историја“ каде што имавме можност да се запознаеме со богатата руска историја. Во рамките на тој парк, кој што се наоѓа во Паркот ВДНХ, беше и официјалното отворање на проектот. Ни беше прочитано писмо од Владимир Путин, во кое што тој ги поздрави сите учесници, и ни посочи дека ние како Амбасадори на Победата, треба да направиме сѐ за да не се заборави 9 мај и Денот на Победата, како и да не дозволиме одново пишување на историјата. На отварањето претставникот од Македонија, Дарко Тодоровски, заедно со уште тројца претставници од други држави, имаше можност да ја раскаже историјата на неговиот дедо, кој што бил партизан во Втората светска војна, учествувал во ослободувањето на Македонија, а потоа на Сремскиот фронт, заедно со војниците на Црвената Армија учествувал во пробивот на линиите на германската армија и нивните сојузници.
Во Тула го посетивме музејот посветен на оружјето, каде што беше приредена гала претстава, и каде што двајца ветерани од Големата татковинска војна ги споделија своите спомени, и ни порачаа да го чуваме 9 мај и да не се заборави нивниот и подвигот на 27 милиона советски граѓани. Тула е престолнина на руската воена индустрија, и имавме можност да се запознаеме со најразлични видови и примероци на орујже од пред 300 години па до денешен ден. Имавме и екскурзија во градот Тула, со туристички водичи, посета на различни споменици, и пеш поминавме по градскиот кеј, каде што има преубав и модерен парк, по што се упативме во Тулскиот кремљ, фасцинанта тврдина, која што плени со својата импозантност, како и убавина. Се смета дека е почнато да се гради заедно со московскиот Кремљ. Тулскиот кремљ зборува за богатата руска архитектура, и во него е сместен преубав храм, како и споменик на рускиот кнез Јури Долгоруки. Го посетивме и градскиот плоштад, каде што бевме волонтери на Денот на Победата, 9 мај, и зедовме учество во Бесмртниот полк. Имавме слободно време за да го разгледаме центарот на градот.
Исто така ја посетивме и Јаснаја Пољана, местото каде што живеел, пишувал и творел големиот руски и светски писател Лев Николаевич Толстој.
Интересно прашање. Би рекле дека големината на руската (словенска) душа е голема колку и самата Русија. Народ со богата и импозантна историја, во нивните гени и крв е испишан кодот на победници. Народ со богата историја на секој план, почнувајќи од култура, музика, историја, кујна итн. Станавме побогати за нови пријатели од Русија. И во Москва и во Тула, сите со кои што имавме контакт беа љубезни и се трудеа да ни помогнат, а кога им кажувавме дека сме од Македонија, од поранешна Југославија, тие со особена топлина и внимание се однесуваа кон нас. Рускиот народ е народ-творец, кој што создава и гради. Така било во историјата, така ќе биде и понатаму.
Преубави и позитивни спомени, искуства, како и огромен број нови пријателства, и фотографии, кои што секогаш ќе нѐ потсетуваат на ова прекрасно патување во Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче