Па тоа ни ДиКаприо не го прави: Русин се одбранил од мечка одгризувајќи ѝ го јазикот!

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

Кафена мечка нападнала локален жител во Република Тува, а овој успеал да му го одгризе јазикот на животното, јавуваат медиумите.

Се соопштува дека нападот се случил во реонот Пиј Хемски на 2 јуни. 29-годишниот Николај Игрит со пријателите тргнал в шума да собира еленски рогови, но во моментот на нападот бил сам.

„Игрит почна да вика, надевајќи се дека ќе ја уплаши мечката, но животното го нападнало и почнало да го гризе по стомакот, рацете и главата. Николај, меѓутоа успеал да ѝ одгризе на мечката дел од јазикот, со што ја уплашил, па животното се впуштило во бег. За тоа време веќе притрчале неговите пријатели и повикале брза помош“, стои во полицискиот извештај.

Мажот е сега во болницата во градот Кизил, а се соопштува и дека целата група трагачи по еленски рогови ќе сноси административна одговорност за недозволен логорски оган.