Претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на Кина Си Ѓинпин пристигнаа во Московската зоолошка градина во руска лимузина „Аурус”.
Тие во зоолошката градина дојдоа да ги погледнат двете панди кои пристигнаа како подарок од Кина. Женката по име Диндин е стара речиси две години, а мажјакот Жуи речиси три, пренесуваат руските медиуми. Пандите се сместени во павилјон специјално изграден за нив.
Reuters
Првите посетители на зоолошката градина кои имаа прилика заедно со двајцата претседатели да ги видат пандите беа децата-победници на натпреварот по руски јазик, победниците на Делфските игри, како и добитниците на грантовите на градоначалникот на Москва и децата на кинеските дипломати кои работат во Русија.
Децата ги поздравија Путин и Си Ѓинпин на руски и на кинески јазик. Тие заедно го погледнаа Жуи кој беше сам во својот двор на отворено.
„Навистина се смешни”, рече Путин.
Пандите пристигнаа во Москва на 30 април, а посетителите на зоолошката градина ќе можат да ги видат од 6 јуни.
Reuters
Новинарот Дмитриј Смирнов објави на „Твитер“ снимка од пристигнуваањето на двајцата лидери во Московската зоолошка градина. На лимузината „Аурус” се виореа знамињата на Русија и Кина.