„Армија на Русија“ ја претстави новата колекција облека (ФОТО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

Во Националниот центар за управување со одбраната на Руската Федерација на Фрунзенскиот кеј во Москва брендот облека во сопственост на рап-музичарот Тимати (Тимур Јунусов) Black Star Wear, во соработка со синџирот продавници „Армија на Русија“ (Военторг), ја претстави новата колекција облека под називот „Црна ѕвезда“.

„Со заеднички напори е создадена импресивна колекција која сакав да ви ја претставам. Ова е битна колекција која нашиот тим ја подготвуваше речиси шест месеци“, изјави раперот во обраќањето до присутните.  

Тимати му се заблагодари на Министерството за одбрана на РФ за оперативната реакција на неговиот предлог за соработка во работата над облеката. „Наидов на креативен, млад, одличен тим кој ми помогна да го реализирам заедничкиот проект“, рече музичарот.

Освен тоа, Тимати му подари на министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу јакна од марката Black Star.

Претставниците на „Военторг“ открија што ги инспирирало креаторите на колекцијата. Како што наведоа тие, двете компании споделуваат заеднички вредности, непоколебливо лидерство, патриотизам, внимателен однос спрема деталите и апсолутна сигурност во секој нареден чекор.